Покрената е петиција босанскиот бенд Дубиоза колектив да настапи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија како претставник на оние кои никој не ги претставува.
„Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција годинава нема да имаат претставник на европското натпреварување, како и Босна и Херцеговина која седум години не учествува на Евровизија поради неподмирени долгови кон европските Радиодифузна унија“, се наведува во образложението за петицијата.
Од обожавателите на бендот беше побарано да го дадат својот глас на колективното барање ЕБУ да им дозволи на Дубиоза колектив триминутен настап и презентација на „непретставените“.
„Дубиоза Колектив ќе настапи под знамето на Апсурдистан. Дубиоза колектив не сака да се натпреварува, туку сака да учествува“, велат од бендот.