Дубровник ја престигна Венеција по најмногу туристи по глава на жител

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Угледниот британски сајт за резервации „Холиду“ направи пресметка според која официјално е утврдено дека Дубровник станал град со најмногу туристи по глава на жител во Европа.

Веб-страницата, која им помага на туристите да најдат и да резервираат сместување и придружни настани, го пресмета просечниот број на туристи и локални жители, користејќи податоци од 2019 година.

Добиените податоци се навистина зачудувачки – Дубровник во просек прима 36 туристи по глава на жител годишно!

Затоа, „Холиду“ ги предупреди потенцијалните патници во еден од најубавите хрватски градови да размислат двапати за нивната одлука.

Имено, како што пишува „Њујорк Тајмс“, во Дубровник веќе започнале неподносливи гужви, поради што опуштањето и уживањето во одморот и убавината на градот често се далеку од замисленото. Нивната препорака е да се посети на почетокот на мај и од средината на септември до втората половина на октомври.

Дубровник на тој начин ја престигна Венеција, која остана на второто место со речиси половина помалку туристи, од кои 21 по глава на жител.

Слични содржини