На списокот на трошоците за живот во 608 градови во светот на порталот Нумбео, на глобалната база на податоци за потрошувачки цени, има и пет од Хрватска, од кои најскапиот е Дубровник.
Најскап е Дубровник, кој го зазел високото 65-то место, втор е Задар, на 275-то место, следен од Сплит (312), Риека (322), Загреб (346) и најевтиниот Осиек, кој го зазел 374-то место на списокот , пренесува порталот „Novac.hr“.
Кога станува збор за земјите, на списокот од 138 од нив, Хрватска е на 42-то место, а од земјите од Централна и Источна Европа, само Естонија на 41-то и Словенија на 38-то место се нешто поскапи, додека животот во другите земји е значително поевтин.
Една од причините за тоа, се чини, е високата цена на основните работи, кои вклучуваат електрична енергија, греењето, водата и ѓубрето за станбениот простор за живеење. Меѓу 107 земји, Хрватска е на 17-то место на таа листа.