319
Само Украина има право да одлучува за својата иднина, им порачал полскиот претседател на украинските политичари, пренесува „Sky News“.
Анджеј Дуда е првиот странски лидер кој лично одржал говор во украинскиот парламент по руската инвазија.
„Има загрижувачки гласови кои велат дека Украина треба да попушти пред барањата на Путин. Само Украина има право да одлучува за својата иднина… ништо за вас без вас. Ако Украина биде жртвувана од… економски причини или политички амбиции, дури и педа од нејзината територија, тоа ќе биде огромен удар не само за украинскиот народ, туку и за целиот западен свет“, потенцирал Дуда.