Дуда: Полска ќе ги пренесе МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда во разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Полска ќе биде подготвена да ги пренесе руските ловци МиГ-29 во Украина под услов земјите од НАТО да ги префрлат своите авиони во полските воздушни бази.

„Имаме уште една ескадрила МиГ-ови, има одлука во врска со тоа. Во моментов користиме авиони МиГ-29 во нашите мисии. Ако ги пренесеме во Украина, постои еден основен услов, а тоа е дека нашето небо мора да биде заштитено“, истакна Дуда.

Според него, полската армија во моментов користи МиГ за да обезбеди безбедност во воздушниот простор, пренесе Униан.

Дуда нагласи и дека Полска секојдневно и помага на Украина, пренесува Танјуг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека, и покрај договорот со НАТО, Полска нашла уште една причина да не ги префрли старите ловци МиГ-29 во Киев, наведувајќи дека нема доволно сопствени авиони.

Американската одбранбена ракетна база беше отворена во средата во Реџиков, Полска, а на церемонијата, меѓу другите, присуствуваа и Дуда и Рутe, како и американски претставници.

Слични содржини