271
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека неговата земја нема да ја укине блокадата за увоз на украинско жито, дури ниту по 15 септември, кога истекува забраната.
„Очигледно е дека ние постојано ја поддржуваме Украина во одбраната од руската агресија, но наша најважна должност е да ги заштитиме интересите на Република Полска“, рече Дуда, пренесува ПАП.
Тој додаде дека се работи за одбрана на внатрешниот пазар и пазарот на Европската унија.