ДУИ бара извинување и повлекување на објавата на Taравари каде го цитира Хитлер

од Берта Китинска
247 прегледи

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница. Ваква е реакцијата на Демократската Унија за интеграција по „Фејсбук“ објавата на Таравари во која тој го цитира германскиот диктатор, Адолф Хитлер.

ДУИ бара од Таравари да се извини и итно да ја повлече објавата на социјалните мрежи.

„Таравари бесрамно го цитира Хитлер: ‘затоа што народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!’“, велат од ДУИ.

Таравари во објавата на ФБ претходно денеска напиша:

„Втората светска војна можеше да заврши порано и можеa да се спасат многу животи кои беа згаснати како резултат на нејзиното лудило. Во време кога Хитлер почнал да ги намалува своите воени сили и окупираните зони, еден од неговите команданти го известува за овие дела и го замолува да се повлече од војната бидејќи се убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично се спротивставува велејќи ‘народот гласал за нас, сега нека трпи смрт!’

Слични содржини