ДУИ: Ги повикуваме партиите да се издигнат над теснопартиските интереси

од desk3
113 прегледи

Од ДУИ за вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека преговорите се неуспешни, велат дека еднострано решение за кризата нема. ДУИ ги повикува политичките партии да ги надминат партиските интереси и да направат компромис кој ќе биде за доброто на државата и на граѓаните.

дуи8

„Еднострано решение за кризата нема. Преговори кои ќе го имаат како основа договорот од 2 јуни е единственото излезно решение за кризата. Оттука, уште еднаш ги повикуваме политичките партии да се издигнат над теснопартиските интереси и да ги надминат разликите за отворање на патот за приоритетните прашања“, велат од ДУИ.

 

Извор: МЕТА