ДУИ го готви конгресот-теми ќе бидат државните состојби и “политичка љубов” со ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
110 прегледи

ДУИ го готви конгресот на партијата кој ќе се одржи на крајот на март, а на кој ќе се дебатира што ќе преземен ДУИ во актуелната политичка криза, дали ќе се остане со тековната “политичка љубов” со ВМРО-ДПМНЕ и дали ќе се тргне во подготовки за вонредни избори.

musa-dzaferi

„Ќе се дебатира за политиките и актуелната ситуација. Како ќе се имплементираат тие определби. Друго прашање е каде ќе биде и со кого ДУИ, тоа е се оперативни прашања што би се поставиле по избори, зависно оддијалогот или разговорот со партнерот со кој би се составувала влада“, рече Џафери.

Во однос на прислушувањата и снимките кои ги објави СДСМ за кои велат дека се од рагзовор помеѓу него и Сашо Мијалков ,Џафери да ја потврди автентичноста на разговорот. Тој негираше дека во партијата им се доставени интерно и други снимки од страна на СДСМ. Посочи дека заради сложеноста на ситуацијата авторството на разговорите треба институционално да се провери да не се шпекулира во турбулентни времиња во кои влегуваме во политичка криза.

На прашањето дали ДУИ има доверба во институциите, кога во исто време бара меѓународна арбитража, Џафери вели дека отворањето на случајот пред домашните институции ќе покаже дали може да се верува во правна разрешница или не. Не ја исклучува индивидуалнта одговорност на функционери на ДУИ, ако се потврди нивна вмешаност во незаконски дејствија или криминал.