Од ДУИ се изненадени по потврдата на лидерпот на ДПА Мендух Тачи дека преговара за влез во Владата.

Од партијата на Ахмети само кусо коментираат дека Груевски и Ахмети немаат разговарано на таа тема.
Ако последните најави се дел од некои можни решенија на политичката криза, тогаш се избрзани, бидејќи не е можен ниту еден чекор на можна разврска без почеток на политичкиот дијалог со посредништво на меѓународен фактор, велат од ДУИ.
По информациите кои, повикувајќи се на свои извори, ги објави утрински весник вчера, најавата дека разговара за влез во владата ја потврди и лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Тачи од Струга порача дека разговаат за негово вклучување во Владата, но дека се уште не се стигнати министерските места во Владата.