ДУИ: Кај нелегитимен претседател се одржал нелегитимен состанок на државниот врв

од Vladimir Zorba
109 прегледи

ДУИ оцени дека состанокот на државниот врв за случајот во Гошинце е нелегитимен и бара граѓаните да не реагираат на провокации, а надлежните институции да преземат мерки за брзо расветлување на случајот.

За ДУИ Претседателот е нелегитимен, па затоа и состанокот е нелегитимен. Од друга страна, со тоа што нема претставник на ниту една етничка заедница, го прави целиот состанок едностран. Затоа уште еднаш ја повторуваме нашата идеја за консензуален претседател. Сега излегуваат на површина резултатите од неприфаќање на таа политика на ДУИ. Состанокот, сам по себе, е апсолутно нелегитимен”, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

ДУИ побара надлежните институци да превземата одговорност.

„ Бараме од надлежните институции да преземат одговорност за гарантирање на безбедноста, а истовремено, потребно е интензивирање на регионалната соработка за да се намали просторот на дејствување на групите, кои имаат цел спречување на платформата за интеграција и помирување”, соопшти ДУИ.