ДУИ: Партијата ја клеветат антиалбански кругови

од desk3
94 прегледи

Шпекулациите за наводни судири при изборот на Беким Незири за шеф на централниот изборен штаб за идните избори се само клевета и конструкција од антиалбанската кампања, координирана од страна на многу кругови, реагираат од ДУИ.

21042015164706_dui-460x272-400x260

„Пред неколку дена ги предупредивме граѓаните дека во следните месеци, во пресрет на изборите, ќе се одвива една бескрупулозна кампања со клевети и со неосновани конструкции, со единствена цел за уништување на успешната политичка организација на Албанците во Македонија. Времето кога другите ги имаат претставено Албанците и ги назначиле нивните предци заврши и нема да се повтори никогаш. Денес, Албанците се господари на сопствената судбина и нема да дозволат антиалбански кругови да ја диктираат и да ја искористат албанската политика во Македонија“, стои во реакцијата на ДУИ.

 

META