Една реченица од соопштението на ДУИ по средбата на Али Ахмети во германската амбасада отвори прашања во јавноста, кое на големо се коментира на социјалните мрежи. Си прави ли место ДУИ за нова колиција со СДСМ ?
„Местото на СДСМ е во Собранието каде ќе најдат партнер во ДУИ“, рекол Ахмети на средбата со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаузер.
На социјалните мрежи веќе се поставуваат прашања дали ова значи дека Ахмети се труди да ја приближи својата партија до СДСМ, откако Заев започна да објавува „бомби“, односно докази за криминали во власта.
Заев во повеќе наврати соопшти дека нема да поштеди никого и дека ќе ги објави доказите за криминал на сите, без разлика од која партија или етничка заедница доаѓаат.
