ДУИ со тематски конгрес- гости ќе им бидат Даниел Сервер, Фуере, Александрос Малиас…

од desk3
114 прегледи

На 28 и 29 март, ќе се оддржи тематскиот конгрес на ДУИ, кој беше најавен за крајот на минатата година на изборниот конгрес на албанската владејачка партија оддржат кон средината на 2014 година, информираше шефот на кабинет на партискиот лидер Али Ахмети – Артан Груби.

DUI

Активностите на конгресот ќе се одржат во текот на двата дена и делегатите ќе имаат можност да ги следат презентациите на гостите на три дополнителни панели на активностите од Конгресот, кои ќе се осврнат на евроатланските интеграции и доборсоседството, доброто владеење и консензуалната демократија, економскиот развој и социјалната благосостојба – рече Груби.

Тој додаде дека меѓу учесниците на конгресот ќе бидат поранешниот американски дипломат, Даниел Сервер, поранешниот амбасадор на НАТО Хансјорг Еиф, поранешниот Амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере, поранешниот грчки Амбасадор во Скопје и Вашингтон, Александрос Малиас…