Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори на 15 октомври. За градоначалничка на Тетово, повторно ќе се кандидира Теута Арифи , а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
За втор мандат ќе се кандидираат и градоначалниците на Дебар, Ружди Лата како и за Кичево, Фатмир Дехари. Кандидат за градоначалник на Струга ќе биде Рамиз Мерко, а за Сарај Блерим Беџети. За Чаир кандидат е универзитетскиот професор Висар Ганиу. За Битола, Охрид и Гази Баба, ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.