Дуковски: Македонија може да стане туристичка атракција со извозот и употребата на канабисот

од Берта Китинска
981 прегледи

СЗО и  Обединетите нации ја прифатија медицинската вредност на канабисот, додека пак  премиерот Зоран Заев изминатиов период гласно говори за економскиот бенефит од оваа лековита билка.

Во земјава веќе има околу 11 компании кои се дел од здружението „Макканабис“ и се занимаваат со оваа индустриска дејност. Една од нив е и „Оаза алкалоиди“  од Штип која е втора лиценцирана фирма во Македонија која одгледува канабис за медицинска употреба.

Канабисот е лекот на иднината – решение за многу болести

-Нашата фирма  има фабрика за екстракција на сув цвет од канабис за изработка на масло.Сувиот цвет се произведува на неколку начина, односно во затворен, полузатворен и отворен простор.Одгледувањето во затворениот или индор просторот има потреба од контролирани услови, односно наместо сонце се користат посебни ламби со кои се контролира растот на билката и на овој начин се добиваат подобри резултати за разлика од одгледувањето во отоврениот простор, објаснува за „Локално“ ,  Славе Ивановски сопственик на „Оаза алкалоиди“.

-Канабисот за медицинска употреба исклучиво се одгледува во затворен простор. Процесот на одгледување трае од 3 до 4 месеци, но има и хибридни семиња кои даваат плод  до 2 месеци. Овие семиња даваат помалку род но квалитетот е одличен, вели Ивановски напоменувајќи дека во нашата земја има одлични услови за одгледување на оваа билка.

Тој објаснува дека цената на сувиот цвет на продажба на пазарот зависи од количеството на масленост која ја содржи,а неговата лековита моќ дава неверојатни резултати кај одредени болести.

-Нашата компанија произведува канабис со ЦБД (безбедна и зависна супстанција) и ТХЦ (тетрахидроканабинол) две компоменти кои се најбитни за фармацијата и се полезни за човековото здравје. Цената на пазарот на големо за 1кг сув цвет се формира во зависност од неговата масленост односно  цената на ЦБД се движи од 800 до 1000 евра по килограм, додека пак ТХЦ се пордава од 1500 до 2000 евра за килограм.Продажбата на мало е тројно поскапа, вели Ивановски.

Споственикот на „Оаза алкалоиди“ објаснува дека компаниите кои се занимваат со оваа индустрија изминатиов период поради законот за извоз го имаат намалено производството бидејќи голем дел од нив имаат големи залихи.

-Нашата борба е цветот и маслото да се продава во специјализрани продавници. Како што се ЦБД  цигарите кои низ светот се продаваат по бензиски пумпи.Овој производ не создава зависност ни халуцинација и е многу поздрав отколку обичните цигари. Додека пак ТХЦ производот исклучиво да се одобрува со лекарски рецепт, објаснува Ивановски, додавајќи дека политичарите, лекарите како и граѓаните треба да ги тргнат предрасудите за поимот канабис дека е дрога и да сфатат дека  оваа билка која е одобрена од СЗО како лек е иднината и решение за многу болести.

Производителите на канабис сметаат дека ако се развие правилно оваа економска гранка  Македонија може да стане туристичка атракција.

Според претседателот на здружението „Макканабис“, Костадин Дуковски политичарите треба да разберат дека голем број на пациенти имаат потреба од вакви лекови и не е во ред да се блокира закон од кој сите би имале бенефит.

-До вчера ние бевме стереотипни кон канабисот за разлика од другите држави кои го користат и ги гледаат бенефитите од нaучен како и од здравствен аспект.Греота се пациентите кои што по секој начин и по секој канал гледаат да дојдат по тој материјал, вели Дуковски.

Претседателот на здружението „Макканабис“, смета дека со новите измени на законот и формирањето на Агенцијата за канабис ќе се поедностави постапката за извоз на сувиот цевт.

-Според законот член 49 и 50 ние можеме да извезуваме канабис како препаарат или растение.Проблемот беше во член 49 од законот за опојни дроги, каде што даваше класификација за категорија II и III а канабисот не беше усогласен, беше уште во прва категорија кај нас, во Република Северна Македонија. Откако се усогласи тоа согласно Обединетите Нации и согласно препораките на Светската здравствена организација, после тоа се овозможи шансата да се извезува цвет. Како сега што е поставен законот ако ние сакаме да направиме извоз тогаш за тоа е надлежна агенцијата за лекови МАЛМЕД каде канабисот не е регистриран како медицински прозвод и со самото тоа имаме проблем со толкувањето, бидејќи компаниите  бараат различни поризводи од зависност од потребата за  третирање на нивните пациенти . Поради овие толкувања на МАЛМЕД и е есенцијално потребно оформување на Агенцијата за канабис со цел да се поедностави постапката за извоз и трговија, вели Дуковски кој појаснува дека Агенцијата ќе биде составена од  микробиолози, фармацевти и правници во која според новиот закон ќе се формира фонд во кој ќе се издвојуваат средства за истражувачки цели и едукација на доктори .

 Канабисот би овозможил Македонија да стане туристичка атракција    

-Голем број на држави се интересираат да инвестираат во оваа индустрија.Ние сега имаме можност доколку се усвои законот да станеме едукатори,бидејќи другите земји во Европа се уште го немаат отворено овој сегмент.Канабисот би овозможил да станеме туристичка атракција. Со оваа индустрија би можеле да станеме лидери во ЕУ и тоа е релноста и  наша предност пред се поради либералниот закон  бидејќи немаме ограничување во однос на тоа колку може да се произведува ЦБД  и ТХЦ производи и тоа не прави атрактивни за фармацевската индустрија. Додека пак со  рекреативна употреба на канабисот би ја заживела  турстичката понуда во голем дел на градовите во земјава кои би можеле  да егзистираат од оваа гранка, вели  Дуковски.

Б.М.

Слични содржини