Дунав се излеа во Будимпешта: Погледнете ја снимката од поплавениот кеј (ВИДЕО)

од Milan1
168 прегледи

Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта. Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка. Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој, бидејќи после тоа може да има проблеми“, рече Орбан.

Тој додаде дека се очекува поплавата да ја „напушти“ земјата до средината на следната недела.

 

 

Слични содржини