Шефик Дураку од Алијансата за Албанците во својата објава на Фејсбук го нарече претседателот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев кловн кој може да ги загрози интересите на НАТО.
„Смешно ми е тоа кога велат Апасиев ги ризикува интересите на НАТО. Ниту Русија па ни Кина не може да ги ризикуваат интересите на НАТО, а најмалку еден кловн како Апасиев, не ни ја потценувајте интелигенцијата.“, напиша Дураку.

Според Апасиев, пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.
– Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук.
Тој додава дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а тие – максимум девет.
Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.