Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат Олимписките игри доколку учествуваат Русите

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните Олимписки игри во Париз во 2024 година, доколку на Русија и Белорусија им се дозволи да се натпреваруваат, што ќе го направи целиот настан бесмислен, изјави полскиот министер за спорт и туризам, Камил Бортничук.

Бортничук ги даде коментарите откако Полска, Литванија, Естонија и Летонија заеднички го отфрлија планот на Меѓународниот олимписки комитет да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат, јавува Би-Би-Си.

Украина најави дека ќе ги бојкотира Олимписките игри во Париз доколку тоа се случи.

Слични содржини