153
Дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните Олимписки игри во Париз во 2024 година, доколку на Русија и Белорусија им се дозволи да се натпреваруваат, што ќе го направи целиот настан бесмислен, изјави полскиот министер за спорт и туризам, Камил Бортничук.
Бортничук ги даде коментарите откако Полска, Литванија, Естонија и Летонија заеднички го отфрлија планот на Меѓународниот олимписки комитет да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат, јавува Би-Би-Си.
Украина најави дека ќе ги бојкотира Олимписките игри во Париз доколку тоа се случи.