Планот на Русија да ја отстрани Украина од мапата за пренос на природен гас е нереална, бидејќи Европската унија ќе се стреми да доставува гас од други извори, а не да гради врски со предолжетоци на гасоводот меѓу Русија и Турција, сметаат аналитичари на индустријата , пишува “Ројтерс”.
По избувнувањето на војната во источна Украина и прогласувањето на економските санкции против Москва од страна на САД и ЕУ, рускиот претседател Владимир Путин најави дека неговата земја нема намера да продолжи со изградбата на гасоводот “Јужен поток” преку Црното Море до Бугарија, кој сакаше да ја заобиколи Украина и да обезбеди гас директно во ЕУ.
Руската компанија “Газпром”, исто така, потврди дека ЕУ нема да добива гас преку Украина, откако истече договорот за транзит на крајот на 2019 година
Русија ќе предложи да ги снабдува 63-те милијарди кубни метри гас до Европа,но не со “Јужен поток”, тку со новата цевка со Турција. Првата линија од таканаречениот “Турски поток”, кој ќе пренесува 15.75 милијарди кубни. М. Годишно, треба да биде ставена во функција до 2017 година, а испораките по неа ќе служат само за пазарот во Турција.
“Гаспром” и предложи на ЕУ да изгради свој линк до уште неизградениот конектор на турско-грчката граница, од каде ќе се пренесуваат 50 милијарди кубни метри во новиот гасовод – идеја пречекана со скептицизам во Брисел.
“Ќе бидам многу изненаден ако фирмите кои работат со долгорочни договори, кои далеку го надминуваат хоризонтот од 2019 година, само ќе ја сменат Украина со Турција, и нема да имаат ништо напротив”, рече Оливер Кох, менаџер во енергетскиот оддел на Европската комисија, на прес-конференција во Есен оваа недела.
Тој рече дека се сомнева дека одлуката за “Јужен поток” ќе е “последниот збор” на Русија, со оглед на претходните промени во позицијата на земјата.
Минатата година ЕУ доби околу 147 милијарди кубни метри руски гас, или околу една третина од потребите на Унијата, од кои 60 милијарди кои минуваат низ Украина. Остатокот се испорачува од Белорусија, како и преку постојниот гасовод за Турција, наречен “Син поток”, и врската на Nord Stream под Балтичкото Море до Германија.
Иако ЕУ е решена да ги диверзификува гасните правци, инвестициите во овие дополнителни гасоводи може да се покажат премногу високи, особено откако заедницата вети дека ќе и помогне на Украина да ја модернизира својата транзитна инфраструктура.
И Европа и Украина се обидуваат да ја намалат зависноста од “Газпром”. Брисел го поддржува ривалскиот Јужен гасен коридор за транспорт на гас од Азербејџан, како и други извори, за Европа.
Русија од своја страна се фокусира на снабдување кон Кина. Но на земјата и требаат години за да ја развие ифраструктурата и да влезе на азискиот пазар, па односите со Европа остануваат од клучно значење.
Аналитичарите велат дека падот на цените на бензинот, ќе го принуди “Газпром” да се адаптира, слично на други компании како норвешката Statoil.
Сегашниот судир со Европа веројатно ќе го натера “Газпром” да погледне повеќе комерцијално на чекорите кои треба да ги преземе на пазарот, вели Хауард Чејс, директор на владините врски за Dow Chemical Europe, која е еден од главните корисници на гас како суровина.
Националните финансии на Русија исто така се критични и зависни од извозот на енергија. “Гаспром”, со голем придонес за рускиот буџет, добива две третини од своите приходи во цврста валута, главно од продажба на гас за Европа.
“Газпром” ги процени трошоците за подводниот дел на “Јужен поток” на 17 милијарди евра (19 милијарди долари). Компанијата исто така најави дека и се и потребни 11 милијарди долари за да го подобри системот за испорака на битна гас во Русија.
“Гаспром” одби да коментира за “Ројтерс”, велејќи дека биле “во рана фаза од планирањето на проектот”. Аналитичарите на VTB Capital го оценуваат само подводниот дел на проектот на 10-12 милијарди долари.
На крајот на јануари, консултантската Eurasia Group предвиде дека најверојатно “Европа ќе додели уште поголеми финансиски ресурси … за да ги диверзификува своите можности за увоз, на местото на Русија”.
“Ова може да ги комплицира руските перспективи за обезбедување на европски купувачи за близу 47-те милијарди кубни. М. Гас, кои треба да минат низ Турција”, додава групата.
Русија соопшти дека го прекина проектот “Јужен поток”, по протестите на ЕУ дека тој го крши законите на Унијата за заштита на конкуренцијата. Минатиот месец “Гаспром” го одложи проширувањето на Nord Stream, повторно повикувајќи се на регулаторните ограничувања на ЕУ.
Тиери Брос, виш аналитичар во Societe Generale, тврди дека ако договорот за транзит преку Украина не се надогради, е многу малку веројатно Европа да купува руски гас на турската граница, претпочитајќи да ги диверзификува своите енергетски извори. Една од можностите е течен гас (LNG).
“Во овој случај, (купување) премногу американски LNG може да биде рационално решение”, рече Брос. САД планира да почне со извоз на течен природен гас во 2016 година
“Газпром” нема големи извозни пазари со исклучок на Европа и додека не биде готов гасоводот со Кина на крајот на ова десетилиетие, компанијата едноставно нема да има друг избор освен да задржи барем дел од своите транзитни правци низ Украина, коментираат аналитичарите.
“Треба да се оптимизираат маршрутите на гасните испораки (за Европа) и, се разбира, (украинската транзитна мрежа) не треба да биде целосно исклучена, како што беше предложено (од Газпром)”, изјави во Москва минатиот месец Марош Шевчович, зам.- претседател на Еврокомисијата одговорен за енергетската унија.
