177
Два брода со товар на жито денеска ги напуштија украинските пристаништа, по одобрението на Заедничкиот координативен центар (ЗК) во Истанбул, кој го надгледува продолжувањето на извозот на жито од Украина, пренесува РИА Новости.
Товарниот брод Star Laura испловил од пристаништето Јужни, со 60.150 тони пченка, чија дестинација е иранскиот град Бандар Имам Хомеини, додека товарниот брод Sormovski 121 го напушти пристаништето во Черноморск со 3.050 тони пченица и се упати кон турскиот град Текирдаг.
Договорот меѓу Русија и Украина, со посредство на Обединетите нации и Турција, овозможи бродовите за жито да пловат од украинските пристаништа на Црното Море од први август.