Два града во Хрватска им плаќаат на бабите и дедовците да се грижат за своите внуци

од Milan1
45 прегледи

По Самобор, градот Крижевци во Хрватска планира да воведе и „услуга за баби и дедовци“, што подразбира плаќање на баби и дедовци да се грижат за своите внуци.

Едно од предизборните ветувања на градоначалникот на Крижевци беше воведувањето на оваа услуга, а најавениот износ е 250 евра по дете. Градот вели дека грижата за децата во семејна средина е еден од највисоките приоритети и дека мерката ќе биде лансирана во текот на четиригодишниот мандат, објавува „N1“.

Го следат примерот на Шведска

Плаќањето на бабите и дедовците да се грижат за внуците првпат го воведе градот Самобор пред неколку месеци, а Крижевци ќе се придружи на тоа. Имено, бабите и дедовците во Самобор добиваат 360 евра за чување на внуците, а додатокот може да се користи за повеќе деца. За да го остварат ова право, бабите и дедовците мора да имаат статус на пензионер, а дете на возраст од една до четири години не смее да биде запишано во градинка. Оваа мерка во Самобор е воведена по примерот на Шведска.

Едно од главните изборни ветувања на градоначалникот на Крижевци, Томислав Катановиќ, беше воведувањето на „услуга баба-дедо“, а најавениот износ е 250 евра по дете. Од кабинетот на градоначалникот потврдија за prigorski.hr дека планираат да ја започнат оваа мерка во текот на овој четиригодишен мандат, пренесува Mirovina.hr.

„Мерката е планирана како дополнителен избор за родителите, а не како замена за капацитетите на градинките. Крајната цел е секое дете да има можност да се запише во градинка“, соопшти Градот.

Слични содржини