Два хрватски авиони од типот МИГ пресретнаа денес патнички авион Боинг на линија од Бејрит, бидејќи екипажот не одговарал на јавувањата од контролата на летање.

2_2min1

Откако е воспоставена радио врска со Боингот 737, хрватскиите пилоти кои делувале по однапред пропишана процедура, им е издадена наредба да се вратат назад, а авионот го продолжил патот по планот.
Во соопштението од Министерството за одбрана на Хрватска, се вели дека Боингот е во сопственост на италијанската компанија Меридијана и летала на релација Бејрут – Трст, а со која ни хрватската, ни италијанската контрола на летање не можеле да воспостават врска.

Поради тоа надлежната НАТО команда во Шпанија, втор пат оваа година, ја подигнала подготвеноста на НАТО силите и им наредила на дежурнитите борбени авиони 10-минутна приправност за полетување.

Министерството соопшти дека хрватските сили успешно ја извеле задачата, демонстрирајќи брз пренос на податоци и наредби меѓу оперативните центри на земјите на НАТО членки.

Слични содржини