Два историски моменти за Tesla: Пет милиони автомобили и 50.000 полначи

Производителот на електрични автомобили достигна многу важен момент во својата кратка историја. 5 милионитиот автомобил излета од производната лента на американската компанија. Во исто време, Tesla слави уште една годишнина - поставувањето на 50.000-тиот полнач Supercharger

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Порастот на популарноста на Tesla беше неверојатен во изминатите три години, благодарение на постојано зголемувањето на опсегот на електрични возила и препознаениот имиџ кој станува се повеќе ценет. Сепак, на Tesla и требаше една деценија да ги произведе првите милиони автомобили, а сега може да се пофали со пет милиони.

Тоа е затоа што од 2020 година, продажбата буквално експлодира. За само 18 месеци американската компанија го надмина производството од два милиони, за само 11 месеци го достигна врвот од три милиони, а само седум месеци подоцна ја прослави бројката од четири милиони.

Пред само две недели, фабриката на Tesla во Кина го прослави и склопувањето на својот два милионити автомобил.

Tesla вели дека фабриката во Кина произведува повеќе од 750.000 единици годишно, иако индустрискиот капацитет е речиси милион единици. Кинеската фабрика е вистински скапоцен камен во производствената империја на Tesla.

Од друга страна, фабриката во Калифорнија го координира производството за Model 3, Y, S и Model X, со годишен производствен капацитет од 650.000 единици. Истовремено, фабриката во Берлин има капацитет од 375.000 единици годишно, а таа во Тексас има капацитет од 250.000.

Поради тековната работа насочена кон модернизирање на производствените капацитети, Tesla очекува благ пад на производството во четвртиот квартал. Сепак, се очекува бројот на производството да ја надмине границата од шест милиони автомобили на почетокот на 2024 година, кога официјално ќе започне сериското производство на Cybertruck.

Бидејќи инфраструктурата за поддршка е исклучително важна, Tesla неодамна го прослави инсталирањето на 50.000-тиот полнач Supercharger инсталиран во Калифорнија.

За пофалба е што полначите полека стануваат достапни за клиентите кои возат автомобили со други марки со нулта емисија на штетни гасови, со оглед на тоа што специфичната порта за полнење NACS на Tesla станува се покомпатибилна со другите брендови кои ја инсталираат соодветната порта.

Слични содржини