Два македонски тима со пласман во топ 10 на интернационалниот натпревар „Twingo Cup“

од Vladimir Zorba

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во „Twingo Cup“ се возеше четири часовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно пропратена со 7 влегувања во бокс како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено Спорт, Свифт Рејсинг и Кастoм Кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Слични содржини