Во СВР Скопје и СВР Тетово вчера биле пријавени два случаја на семејно насилство.
Во едниот случај, 40-годишна скопјанка пријавила дека во семејниот дом во Скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Т.А.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, старец ја нападнал неговата снаа.
Полицајци од Камењане вчера го уапсила Е.З.(76) од с.Горно Седларце, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 38-годишна снаа.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.