Дваесет мртви пронајдени на брод во близина на островите Туркс и Каикос

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Властите на островите Туркс и Каикос истражуваат смрт на 20 лица, меѓу кои и две деца, на брод пронајден како лута на километар од островот Голем Турк, пишува „Гардијан“.

Досега беше исклучено дека тие починале со насилна смрт, но властите не можат да ги утврдат причините за смртта. Сè уште се прават обиди да се утврдат идентитетите на починатите.

Рибарите го забележале бродот како лебди во четвртокот наутро. Портпаролот на полицијата Такар Баин изјави дека бродот дошол од надвор од Карибите и веројатно се движел кон островите Туркс и Каикос.

„Ќе треба долго време да се утврди што се случило. Без оглед на околностите, ова е трагичен настан во кој многу луѓе го загубија животот. Ние ќе сториме се што можеме за да ги идентификуваме жртвите и да ги информираме нивните семејства“, рече тој.

Островите Туркс и Каикос честопати се магнет за Хаитијците кои сакаат да избегаат од сиромаштијата.

Слични содржини