Полицајци ноќеска во Тетово привеле 20-годишник, кој почнал да бега кога бил запрен за контрола.
– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.М. затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, а во кое се превезувале уште три лица, била пронајдена марихуана. М.М. претходно не застанал на даден знак од полициските службеници и се обидел да избега, но брзо бил фатен. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информираaт од СВР Тетово.