Дваесетина загинати во пожар во ноќен клуб во Истанбул

од Симе Стоиков

Најмалку 29 лица загинаа во пожар што избувна во ноќен клуб во Турција. Пожарот избувнал околу пладне, а причината се уште не е позната, изјави гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.

Клубот бил затворен, а реновирањето беше во тек. Се верува дека жртвите биле ангажирани во реновирање.

Покрената е истрага за пожарот, а по осум лица се распишани потерници, меѓу кои и менаџерот на клубот и претприемачот задолжен за реновирање.

Тројца се приведени, а потрагата по останатите е во тек. Пожарникарите и спасувачите го опколиле опожарениот влез во клубот, кој бил во чад.

Клубот е распослан на два ката под земја во 16-катница во истанбулскиот кварт Гајретеп.

Бројот на загинати рапидно се зголеми во попладневните часови, а новоизбраниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави дека сопствениците на клубот не побарале соодветна градежна дозвола.

„Ниту едно барање за реновирање или изградба не е поднесена, а бидејќи клубот е под земја, работите не беа видливи“, изјави Имамоглу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за трагедијата бил информиран од министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Слични содржини