Двајца американски војници осомничени дека убиле маж во Германија

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Двајца американски војници се осомничени дека минатата сабота избоделе до смрт маж (28) по расправија на локалниот саем во германскиот град Витлих, соопшти денеска полицијата на блискиот Трир.

Двајца машки осомничени се уапсени и идентификувани како американски воен персонал, кои со пријатели го посетувале локалниот саем, се вели во соопштението, објави NBC News.

Полицијата соопшти дека првично идентификувала група од четири лица видени од сведоците на местото на злосторството, но наместо тоа се фокусирале на двајца осомничени идентификувани само како американски војници, на возраст од 25 и 26 години.

Германската полиција не ги објави нивните имиња и чинови, но се знае дека се работи за припадници на американските воздухопловни сили во Европа, но идентитетот на жртвата се уште не е откриен, иако портпаролот на полицијата во Трир денеска потврди за NBC дека жртвата е германски државјанин.

Двајцата осомничени се предадени на американските власти, соопшти полицијата, која ќе ја преземе истрагата „во согласност со статутот на НАТО“.

Слични содржини