На автопатот Велес – Градско, вчера патничко возило „бмв“ со таблички од Босна и Херцеговина, управувано од 32-годишниот С.В. од Босна и Херцеговина, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка 26-годишната Т.Р. од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Tешко повредената сопатничка имала скршеница на потколеница и надлактица и поради тежината на повредите по направените снимања и укажаната лекарска помош била препратена на понатамошно лекување во Ургентниот центар при скопските Клиники „Мајка Тереза“.