255
Во близина на германскиот град Рендсбург, недалеку од воздушната писта на НАТО, се урна мал цивилен авион. При падот загинаа две лица-изјави денеска германскиот весник „Билд“.
Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што наведоа, тренажен лет.
Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета кон провинцијата Долна Саксонија.
На местото на несреќата се излезени голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот.