212
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, вчера лишиле од слобода две лица од Прилеп поради сомнение за кражба.
Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, лицата Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп, се лишени од слобода поради тоа што се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети.
Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
– По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.