МВР попладнево соопшти дека двајца осомничени се уапсени поради денешниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во Чаир.
„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во полициска станица со кои се обавува службен разговор“, велат од МВР.