На магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Строгомиште, кичевско, вчера рано наутро се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди а4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(58) од с.Зајас, општина Зајас и товарно возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од с.Колари, кичевско.
По тој судир, по автомобилот „ауди а4“ удрил во паркирано патничко возило „ауди а5“, сопственост на К.З.(27) од с.Горно Строгомиште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди а4“, И.Л, додека со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило Г.Ј., констатирани во Медицински центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.