Двајца загинати и 22 повредени во украински ракетен напад на Крим

од Nikola Popovski
333 прегледи

Две лица загинаа, меѓу кои и двегодишно дете, а 22 се повредени во украинскиот ракетен напад денеска врз Севастопол на Крим, изјавил локалниот гувернер назначен од Москва.

„Според прелиминарните информации, во нападот што го изврши украинската армија врз Севастопол, загинаа двајца цивили, меѓу кои и едно двегодишно дете“, а 22 други се повредени, напишал гувернерот Михаил Развозаев на мрежата „Икс“.

Тој пристанишен град е редовно мета на напади, особено затоа што во него се наоѓа седиштето на руската Црноморска флота. Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, е важен логистички центар за руската армија, пишува „Франс прес“.

Претходно, гувернерот изјавил дека противвоздушната одбрана го одбила ракетниот напад и уништила пет „воздушни цели“, но додаде дека остатоците од соборениот авион паднале на крајбрежните области.

Претходно денеска, во напади на украински беспилотни летала, едно лице загина, а три се повредени во руската област Белгород, која е многу блиску до украинската граница, изјавил гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Тој денеска додал дека еден цивил е убиен во Грејворон, додавајќи дека еден од дронови експлодирал на локален паркинг.

Други дронови во центарот на градот раниле двајца мажи кои биле пренесени во болница, како и една жена која била на тераса од станбена зграда.

Регионот Белгород редовно е мета на украински удари, а Киев тврди дека се брани од руските напади на нејзина територија.

Слични содржини