Две лица загинале, а повеќе од 1.000 се евакуирани во Јужна Кореја откако рано утрово доживеа поројни дождови и поплави, соопшти Министерството за безбедност на Јужна Кореја.
Во некои подрачја напаѓале повеќе од 400 мм дожд за само 2-3 часа. Се прогнозираат интензивни врнежи и за вечерва.
Во неколку региони има предупредувања за можни лизгања на земјиште.
Во градот Гвангџу, околу 270 километри јужно од главниот град Сеул, поплавени се 87 патишта и 38 згради за само два часа.
Околу 403 училишта се затворени поради поплавите.