Двајца американски војници загинаа во Авганистан

од desk4
103 прегледи

Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека во текот на операцијата загинале двајца американски војници.

Во соопштението не е наведено за каква операција се работи, ниту со кого војниците се судриле.

Во Авганистан во моментов има околу 14.000 американски војници, кои даваат поддршка на авганистанските сили во борбата против талибанците.

Според американски медиуми, талибанците во моментов имаат контрола врз речиси половина Авганистан и се поврзани со терористичка група Исламската држава, која го зголеми своето присуство во таа земја откако нивниот самопрогласен калифат се распадна во Сирија и во Ирак.