Поради постоење сомнеж за сторено кривично дело „фалсификување пари“, СВР Куманово поднесе обвинител акт против А.Р. (43) и Н.С. (32) и двајцата од Куманово.
Министерството за внатрешни работи пак, информираше дека на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра.
„На 23.01.2021, во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното“, стои во соопштението од полицијата.
Оттаму, откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово.
Од страна на полициски службеници од казиното се одземени биле 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои исто така биле одземени.