Двајца приведени за опожарувањето на возилото на Ристески, осумдневен притвор за едниот

од Nikola Popovski
199 прегледи

Прилепското Основно јавно обвинителство информира дека две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови.

Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.

Според јавниот обвинител од прилепското ОЈО, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.

-Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјавила обвинителката Илиеска.

Слични содржини