352
Полициски службеници на наплатна рампа „Миладиновци” ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип.
При извршена контрола на возило „голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин.
Двајцата се приведени во полициска станица „Гази Баба“, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.