353
Полицијата во Тирана уапси 12 лица за трговија со дрога, додека за шест лица е распишана потерница, соопшти денеска полицијата.
Уапсените се на возраст од 17 до 26 години, пренесува порталот „Егзит“.
При апсењето полицијата запленила наркотични средства и пари.
Порталот „Балканвеб“ наведува дека апсењето е извршено во рамките на акцијата „Парк“, како и дека осомничените се уапсени по една година истрага.