Помошник-робот веќе ќе ги пречекува посетителите и пациентите во две белгиски болници.
Хуманоидот Пепер, кој има екран на градите и тркалезна глава, е првиот робот во светот, кој ќе им помага на луѓе во медицинска состојба. Тој ќе работи на рецепција на болниците во Остенд и Лиеж. Пепер е висок 140 сантиметри и се движи преку тркала монтирани на белата рамка. Тој може да препознава човечки говор на 20 јазици, како и да земе предвид дали зборува со жена, маж или дете.
Додека во Лиеж ќе работи исклучиво на рецепцијата, во Остенд Пепер ќе може да ги води луѓето до потребниот простор. Ова го изјави Рафаел Тасар од компанијата “Zora Bots”, кој го разви софтверот на болничкиот помошник. Моделот е изграден од азиски делови, составени во Франција, и е тестиран во јапонски продавници и неколку француски трговски центри, главно со функции на продавачот. Сега за прв пат ќе работи како рецепционер. Цената на Пепер е 30 000 евра.