Две дози на Фајзер го намалуваат ризикот од омикрон за 84 проценти

од Nikola Popovski
201 прегледи

Две вакцини го намалуваат ризикот од хоспитализација или смрт предизвикана од сојот омикрон до 84 проценти, додека бустер дозата ја преполовува можноста некој воопшто да заболи од Ковид-19, покажуваат официјалните проценки од Велика Британија.

Моделот SAGE (британската владина научна советодавна група за итни случаи), објавен викендов, пресмета дека две дози на Фајзер обезбедуваат 83,7 отсто заштита од хоспитализација или смрт од сојот на корона со најмногу мутации досега, објави „Дејли мејл“.

Во исто време, се проценува дека две дози на АстраЗенека го намалуваат ризикот од сериозни болести за 77,1 отсто.

Сепак, се додава дека заштитата од овие вакцини исчезнува во рок од три до шест месеци.

Се проценува дека примањето на бустер доза на Фајзер ја зголемува заштитата до 93 проценти, без оглед на тоа кои први две дози се дадени, што е приближно иста заштита како да се даваат две дози Фајзер против сојот делта, се додава.

Проценките се направени од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и се засноваат на лабораториски студии кои бараат антитела.

Според овој модел, постои опасност сојот на омикрон да резултира со повеќе хоспитализации отколку што имаше Англија за време на бранот минатиот јануари, кога до 4.000 заразени пациенти беа примани во болниците секој ден.

Слични содржини