Две години од загинувањето на новинарот Никола Младенов

од Vladimir Zorba
160 прегледи
Денеска се одбележуваат две години од трагичното загинување на легендата на македонското новинарство, Никола Младенов, на автопатот Велес-Скопје, кај Хиподром. Во јавноста се појавија разни дилеми и шпекулации во врска со сообраќајката во која загина Младенов, но истражниот судија тогаш ја заклучи истрагата како несреќен случај.

„За да дојдеме до посакуваната цел, за да станеме дел од современиот европски свет, ние мораме да создадеме простор за различното мислење, кое ќе се соопштува без страв од било какви последици. За таа цел, неделната доза се покажа недоволна, па, еве, стигнавме до дневен “Фокус”. Во таа битка вложуваме се. Го заложуваме сопствениот личен и професионален интегритет. Неделниот “Фокус” ги вложува сопствените средства во дневното издание, за да остане свој, за да можеме секому да му кажеме што мислиме.

Но, многу повеќе, за да ги охрабриме сите граѓани, да знаат дека не се сами во желбата за создавање услови за живот, достоен на времето што го живееме. Со таа мисла, ве повикувам на ова возбудливо патување, кое на крајот ќе покаже дека нема цена, која не вреди да се плати за да се стигне до слободата. Само така ќе стигнеме до Македонија, во која народот ја контролира власта, а не таа него. Која и да е!“, напиша Младенов во колумната со која стартуваше дневниот весник „Фокус“.

Мла­де­нов ја почнал новинарската кариера кон сре­ди­на­та на 1980-ти­те во „Млад бо­рец“, каде стана и гла­вен уред­ник. „Млад бо­рец“ бе­ше пред­вес­ник на но­ви­нар­ска­та про­лет во Ма­ке­до­ни­ја.

Го ос­но­вал ра­ди­о­то „Ли­бер­тас“, а во 1995 го­ди­на поч­на из­да­ва­ње­то на не­дел­ни­кот „Фо­кус“, ка­ко прв сло­бо­ден и не­за­ви­сен не­де­лен вес­ник во Ма­ке­до­ни­ја. Со ло­го­то „Не­дел­ник на вна­треш­ни­от, а, бо­га­ми, и над­во­реш­ни­от не­при­ја­тел“, „Фо­кус“, под водс­тво на Мла­де­нов ста­на еден од глав­ни­те стол­бо­ви на но­во­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво. Мла­де­нов го гра­де­ше брен­дот „Фо­кус“ це­ли 20 го­ди­ни, ре­чи­си ед­на по­ло­ви­на од не­го­ви­от жи­во­тен век.