МВР информира дека дошло до физички напад меѓу две лица во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
-На 29.12.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, Д.Д.(46) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот, додека била на своето работно место во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, била физички нападната од нејзина колешка Л.С.(51) од с.Бујковци, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.