Две лица се обиделе да прошверцуваат 190 кутии со таблети „далерон“

од Nikola Popovski
153 прегледи

На 25.02.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле Р.А.(64) од с.Лојане, липковско и С.Р.(54) од Куманово.

Имено, кај с.Злокуќане, липковско, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини