Две лица загинаа во пожарот што избувна вечерва во домот за стари лица во Мали Мокри Луг, предграието на Белград. Повредените се пренесени во ВМА. Евакуирани се 73 корисници на домот и осум вработени, јави дописникот на МИА од Белград.
Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР го локализирале пожарот кој избувнал на улицата Партизанска бр.34 од зградата на Дом за стари лица во Мали Мокри Луг.
Пребарувајќи на местото на пожарот, кој целосно зафатил една соба на третиот кат, пожарникарите пронашле едно починато лице И.М старо 82 години, додека другото лице П.Д на возразст од 92 години кое било пронајдено е предадено на екипите на Брза помош, по што починало.
Во пожарот се повреден шест лица кои се пренесени на ВМА. Пожарникарите и спасувачите евакуирале 73 корисници од домот и осум вработени.
Во гаснењето на пожарот учествувале 27 пожарникари-спасувачи од Белград.
Причината и сите околности за наведениот пожар ќе ги утврдува истрагата.