175
Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.
„За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува „Ројтерс“.